ВМРО-ДПМНЕ: Eкономското цунами ја урниса економијата, дизел горивата кои беа 46 денари, сега се 63 денари

Штетните политики на СДСМ удираат по џебот на граѓаните. Покачувањето на акцизата на дизел горивата е директен удар врз најсиромашните, ова денеска преку соопштение до јавноста го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Покачувањето на акцизата е целосно неоправдано, непромислено и неосновано. ВМРО-ДПМНЕ бара овој нов вид на данок за сиромашните веднаш да биде укинат. Граѓаните не се должни да ги крпат буџетските дупки предизвикани од расипништвото на картелот на власт. Покачувањето на акцизата на дизелот ја предизвика спиралата на покачувања. Зголемени се трошоците за живот и цените на мало, тоа е директна последица на покачувањето на дизелот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека економското цунами ја урниса економијата. Дизел горивата кои беа 46 денари, сега се 63 денари. Секој поминат ден, состојбата е се полоша.
-Еден резервоар на семеен автомобил кој пред неколку месеци се полнел со 1500 денари, сега истиот се полни со 2400 денари. Вкупниот трошок за домаќинствата и за стопанството предизвикан од покачената акциза достигнува милиони. Приближно 50 милиони евра плаќаат повеќе граѓаните, превозниците, земјоделците, пекарите, индустријата и сите други поради овој непромислен потег на картелот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта, да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да се укине покачувањето, кое е на огромна штета како на граѓаните, така и на државата во целост. Оваа ненародна власт ја уништува државата. Економијата систематски се разградува под водство на СДСМ. Власта се злоупотребува само за лично богатење на поединци, додека воопшто не се води грижа за граѓаните. Оваа неодговорност мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
