Во Скопје вчера 13 сообраќајки, еден тешко повреден

Едно лице се здобило со тешки телесни повредени, а десет се полесно повредени во десет од 13 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки причинета е материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала 63 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 31 возач од кои 12 под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени 18 нерегистрирани возила, две неисправни возила, 114 автомобили биле непрописно паркирани, а 74 возила биле подигнати со „пајак“.
Еден пешак поминал коловоз надвор од пешачки премин, а седум возачи поминале на крстосница на црвено светло. Двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци и исто толку возачи неправилно се престроиле. Четворица возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Детска радост“, објекти „Мимоза и Калинка“ во општина Гази Баба, со децата од средна и голема група.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
