Оваа селска капела крие ужасна тајна: Пронајдени наредени мртовечки ковчези, а внатре имало и деца
Во германското село Денсен неодамна е откриена тајна стара повеќе од 100 години. Во капелата се пронајдени 37 ковчези кои биле положени врз клупи, а меѓу мртвите тела освен возрасни имало и 4 деца.
Страотната глетка ја открил маж кој ја проучува историјата на црквите во малите селски места. Наишол на капелата во Денсен, која била во урнатини и обрасната со грмушки. Ѕирнал низ прозорецот и видел глетка од која се леди крвта во вените.
„Едвај дојдов до капелата, морав да ги растргнам грмушките. На прозорците имаше решетки, а кога погледнав низ прозорецот, речиси се онесвестив од шокот. Целата внатрешност на капелата беше исполнета со прашливи ковчези и исушени венци. Со години ги проучувам историјата и староста на црквата, но никогаш не сум видел ништо слично, рече мажот за германските медиуми.
Началникот на Денсен, Ханс - Дитер Улман рече дека станува збор за мавзолеј на благородничко семејство. последниот мртовец е положен во мавзолејот пред околу 60 години.
„Во седумдесеттите години се разгледуваше сите ковчези со мртвите тела да се закопаат на јавните гробишта, но од тоа се откажавме поради трошоците. Во селото никој не сакал да се грижи за мавзолејот па со тек на време паднал во заборав“, велу Улман.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот