Работа која е платена 9.000 денари дневно, а никој не ја работи – Можеби вие ќе ја сакате?

Работа која е платена 9.000 денари дневно, а никој не ја работи. Можеби вие ќе ја сакате?
Оние кои не се задоволни со дневниците на Балканот можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе.
Таму, имено, дневницата за берење аспарагус е 150 евра (околу 9.000 денари), работниот ден трае од осум до 10 часа со една пауза.
Во недела не се работи.
Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 8,5 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа.
Сепак, многу е атрактивна за странците, рекол Марио Котурич, член на Управата на Хрватскиот економски сојуз во Франкфурт за Слободна Далмација.
Од делот на овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако поднесат барање на крајот од даночната година.
Мислењата на интернет форумите се поделени – од воодушевување од брзата заработка, до разочарување од високите цени, посебно на цигарите и другите луксузни артикли.
Како недостатоци, најчесто се наведуваат тоа што се работи „по цел ден“ (не е прецизирано), што смештајот е во работни бараки и што обилен оброк чини по 10 евра на ден, но затоа наведуваат дека паузата за ручек трае еден час
Ново на Сител
-

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
-

18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил
-

ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
