ВМРО-ДПМНЕ: Ги повикуваме сите граѓани на протестен марш утре во Битола во 13.30
На вчерашната седница, Централиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се расправаше за договорот на Зоран Заев со грчкиот премиер Ципрас.
По претходно одржаната седница на Изврниот Комитет, состанокот со пратеничката група на ВМРО-ДПДНЕ, вчера и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изгради став дека се работи за исклучително штетен договор, кој е во апсолутна спротивност со државните и националните интереси на Република Македонија. Акт на пораз и капитулантско дело на Зоран Заев.
Овој договор е резултат на дипломатскиот аматеризам кој што го имаат СДСМ.
Договорот сам по себе ги одразува грчките максималистички барања. Ваквиот договор предвидува уставни измени кои ќе имаат несогледливи последици по идентитетот на државата и народот.
Загрозен е идентитетот, кој сега има пошироко толкување, односно наместо македонци, или македонско, како што е сега, ќе има дообјаснување дека тоа се однесува на новото име на кое Заев се согласил, односно Република Северна Македонија.
Ова е договор со кој се подрива суверенитетот на Репубика Македонија.
Имаме договор кој што се сака да се изгласа со просто мнозинство, а наметнува промени на уставот кои се гласаат со две третини. Овој нереципроцитетен капитулантски договор истовремено не дава ниту било какви гаранции дека Република Македонија нема да биде доведена во ситуација како со привремената спогодба, односно дури и да исполни се што Заев се обврзал, дека грчката страна ќе се придржува кон него.
Почитувани,
Лагите на Заев излегоа на виделина. Не постои веќе човек во државата кој верува во неговиот збор, кога го гледа како пред не цела година ветуваше едно, а сега прави сосема друго. Граѓаните со право се чуствуваат измамени од страна на Зоран Заев, кој упорно ги убедуваше дека промена на Устав нема да има, а сега не само што ќе менува устав за промена на уставното име, туку и тоа ќе го прави во сомнителна и противуставна процедура. Тој едноставно не доби мандат за тоа.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски методи овој приватен капитулантски договор на Заев да го спречи.
Воедно ги повикувам сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13.30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до споменикот на Гоце Делчев пред Домот на културата.
На овој начин заедно со граѓаните ќе покажеме дека сме подготвени да се спротивставиме на патот на оваа капитулација, која Заев сака од лична да ја направи национална. Овој марш кој ќе се одржи утре ќе биде најдобриот народен одговор на погрешните политики кои се рамни на национална катастрофа.
Ново на Сител
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година