Комити повикуваат на собир пред Собранието: Излезете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!
Навивачката група на Комити Скопје за утре вечер, 17 јуни најавува собир пред Собранието на Република Македонија.
„Ќе повториме дека ние иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската,како граѓани, должни сме да искочиме и да си го браниме ова наше парче земја. Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност за да дојдете во Скопје, организирајте се локално.
Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас, апсења и притисоци не не плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни “режимот” , а ни “шарената револуција”, ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја. Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на Македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е појак од народот кога е сплотен. Затоа ве замолуваме, раширете го идеалот за слобода, соберете ги вашите најблиски и без страв искочете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!
Да живее Македонија!!!“-стои во постот на Фејсбук.
Како што е соопштено утре ќе се потпише договорот меѓу Скопје и Атина, и токму тој договор е причина за жестоките повици за протести.
Ново на Сител
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер