-->
-->
Тие заработуваат 56.000 евра годишно за најбесмислената работа: Работат за Трамп, а основно средство им е селотеjпот
-->
Архивските службеници во канцеларијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Соломон Ларт и Редзиналд Јанг ја вршат најбесмислената работа на светот - со селотејп ги составуваат деловите од документите кои Трамп ги кинел.
- Минуваме низ многу искинати документи и ги лепиме во целост. Некогаш документите се скинати само во средина, а некогаш на мали делови. Тоа е како да составувате сложувалка, навел Ларт во интервју за американските медиуми.
Во САД се чуваат сите претседателски документи во архивата на Белата куќа, а Трамп има необична навика да ги кине службените документи откако ќе ги прочита.
Поради лошата навика на Трамп, администрацијата на Белата куќа вработила луѓе кои ќе го „чистат нередот“ , за Трамп да не го прекрши законот.
- Со проѕирна леплива трака ги лепиме сите парчиња и кога документот е готов го предаваме на службеникот. Обновениот документ се праќа во Националната архива каде адекватно се складира, вака Ларт го објаснува својот работен ден.
Ларт, кој наскоро ќе полни 55 години, повеќе од 30 години работи како државен службеник, а годишната плата му изнесува 56.000 евра, но до сега никогаш не помислил дeka во животот
ќе стигне да лепи искинати документи на претседателот.
Трамп имал обичај да кине меморандуми, белешки, писма, покани, но и останати документи кои му поминале низ рака, на Ларт му се придружил и Редзиналд Јанг кој веќе 20 години работи како службеник во администрацијата, но и тој не верувал дека ќе стигне лепи документи кои Доналд Трамп ги кине по секое негово читање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом