Мицотакис: Владата ѝ ги отстапи македонскиот јазик и македонската националност на соседната земја

Алексис Ципрас на соседната земја и отстапи нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик, рече лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис од Кукуш, каде што присуствуваше на свечената манифестација по повод 105-годишнината од ослободувањето градот.
- Ја посетувам Македонија во еден емотивно затегнат момент. По провокативното славење во Преспа, сѐ повеќе Грци разбираат дека лошиот договор што го потпишаа господинот Ципрас и господинот Заев, веќе започна да произведува резултати. Ципрас и неговото владино мнозинство на соседната земја и отстапија нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик, рече Мицотакис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Нова демократија уште еднаш го повтори ставот дека партијата ќе гласа против ратификацијата на договорот кога ќе стигне во грчкиот парламент.
Ново на Сител
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
-

Четиригодишно дете прегазено во Драчево
-

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка
-

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите, во март најавува генерален штрајк и протест
-

Од 30 до 200 елени во Галичица благодарение на Репродуктивниот центар
-

Позајмил автомобил од својот братучед, па го продал на друго лице – кривична пријава за 40-годишен гостиварец
