Преброени половина од гласовите, Ердоган убедливо води со 57 проценти
Со преброени веќе половина од гласовите, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган има убедливо водство пред водечкиот противкандидат Мухарем Инџе од 57 проценти наспроти 29 проценти од гласовите.
Со ваков резултат, Ердоган може да очекува да биде реизбран за претседател уште во првиот круг од изборите, по што ќе ја преземе функцијата со нови, значително пошироки овластувања, кои беа одобрени на минатогодишниот референдум.
Одзивот на претседателските и парламентарните избори што се одржаа денеска во Турција изнесувал високи 87 проценти. Гласовите на парламентарните избори се бројат со задоцнување во однос на гласовите од претседателските избори, но и тие резултати покажуваат убедливо водство на конзервативната АКП партија на Ердоган пред социјал-демократската ЦХП на Инџе и Кемал Киличдароглу. Со преброени 40 проценти од гласовите, АКП води со 47 проценти, пред ЦХП со 19. Про-курдската партија ХДП има 9 проценти од гласовите.
ЦХП го критикуваше објавувањето на првичните резултати, велејќи дека со објавувањето на високото водство на Ердоган и АКП се прави обид да се манипулира со очекувањата на граѓаните и да се сузбијат евентуални изрази на незадоволство и барања за пребројување на гласовите. Лидерот на оваа партија Киличдароглу претходно обвини за нерегуларности при гласањето на југоистокот на Турција.
Ново на Сител
-
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски
-
СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани
-
Фатен 39-годишен бегалец од затвор
-
Искра Росо од Здружението СОЛЕМ од Скопје меѓу протераните активисти од Белград
-
Мицкоски за случајот „27 април“: Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи
-
Во Велика Британија се повеќе социјално загрозени семејства живеат во пансиони
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија