Бајрамовска-Мустафа: Потребен е поинаков систем на социјална заштита
Состојбите со трагичен исход како загинувањето на трите деца во пожарот во Велес треба сите да не загрижат, а особено надлежните органи вклучително и Министерството за труд и социјална политика и надлежните центри за социјална работа, оцени денеска заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.
- Во нашите годишни извештаи многу често укажуваме на потребата од еден поинаков систем на социјална заштита кој ќе биде навистина достапен на оние на коишто им треба. Систем во кој социјалните и други работници ќе бидат повеќе на терен и непосредно ќе ги утврдат состојбите за да можат благовремено да им помогнат на граѓаните. Ако се точни наводите дека семејството од Велес било во ризик и корисник на социјална заштита тоа значи дека тимот којшто го следел овој предмет морал да знае што се случува во семејството. Тоа би требало да биде најнорманлната работа на еден центар за социјални грижи, за благовремено да преземе мерки да превенира каква било траума, вклучувајќи го и ова што се случи, рече Бајрамовска-Мустафа во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Таа нагласи дека многу често се случува родителите во потрага по изнаоѓање на дополнителни материјални средства да заборават на она што се нарекува постојана родителска грижа и додаде дека социјалната парична помош што ја обезбедува државата е под секаков минимум за да може едно семејство да опстои.
- Тоа не ги амнестира родителите, но од друга страна уште поголема е обрската на надлежните органи преку навремени и континуирани советувања и следење на родителите и на семејствата и со преземање мерки да превенира такви состојби. Очекувам Министеството за труд и социјална политика сериозно да го испита постапувањето и да преземе соодветни мерки за евентуални пропусти, нагласи Бајрамовска- Мустафа.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка