Наскоро признавање на возачките дозволи со Германија

Владата на Република Македонија очекува наскоро да биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, откако на вчерашната седница беше усвоена Информација за ова прашање.
- По интензивна комуникација меѓу двете министерства во мај оваа година се изврши усогласување на заедничката декларација помеѓу министерставата на Република Македонија и Сојузната Република Германија со што се предвидува по потпишувањето на заедничката декларација да постои признавање и замена на националните возачки дозволи од двете земји, односно, реципрочно признавање на возачките дозволи во двете земји, со што од особена важност за сите граѓани на Македонија кои живееат или престојуваат во сојузна република германија е тоа што со стапување во важност на оваа декларација, нема да има потреба повеќе да полагаат теоретски и практичен тест, нема да има потреба да посетуваат преглед за вид, и да ги поминуваат сите овие процедури, рече владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
Според него, ова ќе претставува сериозно олеснување за сите граѓани на Македонија кои живеат или претстојуваат во Сојузна Република Германија, а кои подолг временски бараа од Владата реализација на ова признавање.
- Согласно информациите добиени од МВР очекуваме декларацијата да биде потпишана наскоро и да почне да се применува во двете држави, рече Хоџа.
Република Македонија досега има потпишувано договор за признавање на возачките со седум држави и тоа со Шпанија, Италија, Србија, Албанија Црна Гора, БиХ и Австрија.
- Во сите овие држави граѓаните на Македонија што го имаа регулирано законското право за престој во едноставно постапка само вршат замена на дозволата. Додека оние лица кои транзитират или престојуваат до шест месеци во овие држави ја користат возачката дозвола од РМ, рече Хоџа.
Тој најави дека наскоро се очекува и реципрочно признавање на возачките дозволи со Република Косово.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
