Заврши амандманската расправа во матичната комисија за Буџетот за 2016

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2016 година. Од предложените 417 амандмани во утврдениот рок од 10 дена, колку што трае расправата според Деловникот на Собранието на Република Македонија, разгледани се 92 поднесени амандмани, од кои прифатени се четири.
Собраниската расправа по Предлог-буџетот за 2016 година почна на 13 октомври.
Според предлогот, вкупните расходи се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари каде има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година.
Основни карактеристики на буџетот за 2016 година според предлагачот се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто годинава на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот.
Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти, а инфлацијата 2 отсто.
Денеска Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по Предлог-законот за извршување на Буџетот на РМ за 2016.
Ново на Сител
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
