Заев: Не е утврдено референдумското прашање
Не се знае референдумското прашање. Со политичките чинители и со граѓанскиот сектор ќе утврдиме дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но во секој случај резултатот ќе биде задолжителен, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета на Прилеп.
- За ова прашање немаме разговарано. Веројатно, чекаме да завршат интеграциите, односно 11 и 12 јули кога се нашите очекувања за поканата во НАТО алијансата. Веднаш потоа државата ќе ја отвори дебатата, ќе го утврдиме веројатно и терминот за одржување на референдумот, референдумското прашање и стилот на самиот референдум, рече Заев.
Најверојатно, како што додаде, ќе останат роковите, крајот на септември и почетокот на октомври за референдумот и во тоа ќе помогнат Државната изборна комисија и експертите во Парламентот.
- Заедно со сите политички чинители и со граѓанскиот сектор ќе одлучиме дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но она што треба сите да го знаат е дека резултатот ќе биде задолжителен. Тоа значи ако референдумот помине ќе треба да ја почитуваме волјата на граѓаните, да гласаме во Парламентот и да работиме, особено на реформите и на процесите кои следуваат, рече Заев.
Премиерот нагласи дека во прашањето ќе бидат договорот со Грција, како и ЕУ и НАТО.
- Во гласањето, сите опции се отворени, и се зависи како политичките чинители во државата ќе се усогласиме за граѓаните да добијат фер шанса и да се изјаснат онака како што мислат дека е најдобро за нивната иднина. Ги повикувам граѓаните да гласаат за македонската иднина, изјави премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници