СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали е за членство во НАТО и ЕУ?
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочат македонската иднина, граѓаните ќе кажат ДА за загарантиран македонски идентитет, ДА за членство во ЕУ и НАТО ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет за поинаков друг начин на дејствување освен да шири лажни вести, невистини и измислици.
Постигнатиот конечен Договор со Грција е финализирање на Времената спогодба потпишана во 1995 година.
Договорот затвора 25 годишен спор кој земјава ја влечеше надолу, го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и го отвора патот кон полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Тоа е остварување на врвните стратешки интереси.
Договорот е поздравен од целиот демократски свет и граѓаните, освен од ВМРО-ДПМНЕ која не може да го прифати успехот на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ треба јасно да каже дали е за членство во ЕУ и НАТО или се уште сонува за враќање на државата во времето на изолација, нестабилност, поделби и нарушен меѓународен углед.
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку манипулации и измислици да ја загрози македонската иднина. Граѓаните слободно на референдум ќе ја искористат историската шанса и ќе го поддржат Договорот што еднаш засекогаш го штити македонскиот идентитет и ја обезбедува иднината.
Граѓаните ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина!
Ново на Сител
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка