Две лица измамиле дедо и му одзеле пет илјади евра
Скопјанец (76) пријавил во полиција дека две непознати лица го измамиле и му одзеле пет илјади евра.
С.А. (76) завчера во СВР-Скопје пријавил дека тој ден во период од 11:00 до 13:30 часот на ул. „Благоја Стефковски“ две непознати лица го измамиле, при што му одзеле 5.000 евра.
Додека пријавителот се враќал кон својот дом, му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Србија и направил сообраќајна незгода со еден Израелец, кој барал да му плати 500 евра.
По кратко време дошло друго лице и се претставило како Израелец и рекол дека жена му била во болница и дека му требале пари за да му плати на лекарот.
Тој му побарал да му даде 5.000 евра само да ги покаже на докторот за да ја лекува неговата жена, а после ќе извадел пари и ќе му плателе на лекарот.
С.А. од банка извадил пари и му ги дал на лицето што се претставил дека е од Израел, а како гаранција му оставил три златника. Откако ги зеле парите заминале и не се вратиле, по што С.А. сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата