Изложба на дела од кичевската колонија во Куманово

Делата од 24-тата Интернационална Кичевска Колонија ќе бидат изложени вечерва во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 34 дела изработени од 21 уметник од Македонија, Хрватска, Србија, Иран, Казахстан,Турција, Словенија, Египет и други држави.
- Посетителите ќе имаат можност да разгледаат дела работени во техника масло на платно, акрил. Колонијата е пресек на повеќе ликовни критики од три континенти, секој уметник изразува сопствен ликовен ракопис што оваа изложба специфина и интересна за љубителите на уметноста, изјави Роберт Цветковски од Центарот за култура.
Кичевската колонија се одржува во континуитет две и пол децении и во нејзини рамки креирани се илајдници дела.
Во Куманоов изложбата ќе биде поставена до 26 јули годинава.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
