Средба во ДПМ за 80 години од раѓањето на Живко Чинго
Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе биде одбележана 80-годишнина од раѓањето на Живко Чинго, еден од најзначајните писатели на современата македонска литература.
На средбата што ДПМ ја организира во соработка со Институтот за македонска литература и Македонскиот ПЕН центар, за творештвото на Чинго ќе зборуваат Веле Смилевски, Маја Јакимовска Тошиќ, Јасмина Мојсиева Гушева и Ермис Лафазановски.
Живко Чинго (1935-1987) со своето творештво како раскажувач и романсиер одбележа еден од магистралните текови во македонската литература.
Автор е на збирките раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, „Пожар“, „Вљубениот дух“, „Гроб за душата“ и „Бунило“, како и на романите „Големата вода“, „Сребрени снегови“ и „Бабаџин“.
Живко Чинго создаде и низа впечатливи драмски дела, меѓу кои: „Ѕидот, водата“, „Образов“, „Кенгурски скок“ и „Макавејските празници“.
Ново на Сител
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии
-
Избори во САД: Трамп во водство
-
Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ
-
САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154
-
Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност