Поројни дождови предизвикаа хаос во Багдад
Поројни дождови предизвикаа големи поплави и хаос во Ирак, особено во Багдад, како и значителни материјални штети во бегалските кампови низ земјата, пренесоа француските медиуми.
Дождот, што синоќа се излеа врз ирачката престолнина, прв по долгото сушно лето, беше исклучително пороен, и доведе до тешки поплави во Багдад, вториот по големина град во арапскиот свет со над осум милиони жители и многу лоша инфраструктура.
Многу жители на Багдад утринава не успеаја да дојдат до своите работни места, што Владата ја натера денешниот ден да го прогласи за неработен.
На една од видео снимките закачена на социјалните мрежи се гледа како персоналот на една багдадска болница гази по вода до колена, друга,пак,покажува автомобили како се носени од водата по поплавените улици.
Свлечишта од кал ги опустошија бегалските кампови, главно во западната провинција Анбар.
Сухаиб ар Рави, гувернерот на оваа огромна провинција, каде владините сили војуваат против џихадистите од Исламска држава, побара помош од централната власт, и побара повторно отворање на мостот што ги поврзува Анбар со провинцијата Багдад, преку кој сега на бегалците им е забрането да минуваат од безбедносни причини.
Според метеоролозите, утре се очекуваат нови поројни дождови. с
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот