ИК на ВМРО-ДПМНЕ бара техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот состанок ја анализираше актуелната политичка ситуација и прашањата кои се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво, соопштија од партијата.
Извршниот комитет ја потврди принципиелната позиција на партијата и инсистирањето на реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори. Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни.
За да се види јасно волјата на граѓаните на референдумско изјаснување, Извршниот комитет смета дека мора да се почитува законот кој предвидува недвосмислени прашања.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде целосна и недвосмислена поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во понатамошниот тек на лидерската средба.
Македонските граѓани заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО.
Ново на Сител
-

Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице
-

Кривична против три физички и едно правно лице за затајување данок, го оштетиле Буџетот на РМ за 4.677.362 денари
-

36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст
-

Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор
-

Кривична за 18 годишна девојка и две малолетнички за насилството во Куманово
-

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло
-

Рама: „Отворен Балкан“ се сметаше за ужасна идеја само затоа што Вучиќ и јас стоевме зад неа
