Вучиќ: Се надевам нема да има војна, туку решение на косовското прашање
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека во случај на поселба на Косово ќе избие нова војна, нагласи дека се надева дека нема да дојде до војна, туку до решение.
- Но, не е решение ако ни кажете – се е наше, а вие само признајте не. Потребен е договор. На луѓето им е тешко, но не може да се одолговлекува. Наш интерес е тоа прашање да се реши, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека ќе направи се да се зачува мирот и напредокот на државата и со постигнатото решение да се задоволат државните интереси.
По приемот на младите шахисти од Србија, Вучиќ го прокоментира дијалогот меѓу Белград и Приштина со шаховски јазик.
- И натаму сме во многу тешка ситуација, но има уште по некоја фигура на таблата, па е можно да се бориме и да се обидеме да извлечеме некакво реми, иако ќе биде многу тешко.
- Важно е да се обидеме да го сочуваме мирот и да бараме решение кое не не би го зацрнило образот на Србија, изјави тој.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска се спротистави дури и на споменувањето на поделбата на Косово, односно размената на територии со Србија, и смета дека такво нешто би предизвикало трагедија за целиот Балкан.
- Поделбата за мене значи војна и ова го тврдам недвосмилено, изјави Харадинај во интервју за телевизијата Дукаѓини.
Тој порача дека „во овие околности“ не може да има делба или размена на територии и дека „поместувањето граници претставува голема опасност“.
Во последно време и во Србија и во Косово во медиумите се изнесуваат идеи дека Приштина и Белград би можеле да постигнат конечен договор, кој ќе подразбира и размена на територии.
Ново на Сител
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
