ОЈО Свети Николе ги истражува причините за сообраќајката кај Мамутчево
Основното јавно обвинителство од Свети Николе ги истражува причините за вчерашната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип. Како што МИА веќе објави кај селото Мамутчево дојде до судар меѓу автобус, сопственост на фирмата „Кит Го“ од Штип, управуван од возач од Велес (54) и камион влекач со полуприколка со регистарски ознаки од Скопје, управуван од жител на Скопје (31).
Во несреќата лесно и потешко се повредени 22 патници од автобусот.
Како што наведува светинсиколското ОЈО, возачот на камионот се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност од болницата во Велес е испратен на скопските клиники.
Согласно дадените насоки од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Свети Николе, увидните екипи од Министерството за внатрешни работи извршија обезбедување на траги од лице место. Дополнително ќе биде извршено и сообраќајно техничко вештачење.
ОЈО издало и наредба за проверка на присуство на алкохол во крвта на двајцата возачи.
Ново на Сител
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините
-
Повреден 57-годишен маж од Тетово, излетал од пат со четирицикл
-
Уапсен скопјанец на бензинска пумпа пред Куманово, пронајден пиштол