-->
-->
Дојде со брод како мигрант, а денеска е накитен со злато: Стана крал на Инстаграм кој заработува многу пари
-->

Кога почна да објавува фотографи од своето голо истетовирано тело, 28-годишниот Хусеин Балапур стана ѕвезда на Инстаграм под името Јакибој (Yakiboy).
Тетовираниот мускулест маж кој денеска шета по улиците на Сиднеј и има злато на забите пред само 5 години стигнал со брод во Австралија, бегајќи од тешката политичко-економска ситуација во Иран.

Хусеин инаку е бодибилдер и борач, со многу интересна животна приказна. Тој е бегалец од Иран кој во Австралија дошол со брод, откри неодамна.
„Висок сум 195 см, зошто да не заработувам на своето тело“, рече додавајќи дека за едно снимање зема и по 1500 долари.

Поради неговиот ексцентричен изглед, луѓето често мислат дека дилер на дрога. иако на Инстаграм делува како неверојатно богат човек, самиот признава дека живее во двособен стан во Сиднеј и дека поседува само неколку скапи работи.

Иако секојдневно добива пораки од обожаватели, истакнува дека е женет и наскоро треба да добие ќерка.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
