Во Битола завршува Фестивалот „Илинденски денови“

Со настап на атрактивната фолклорна група од шпанскиот град Лорка, како и со избрана автентична програма на уметници од Севрен Кипар, Полска, Јапонија и од Грција, вечер во Битола завршува 48. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Последната фестивалска вечер е насловена како фолклорна разгледница, а гостите од странство својот програмски настап ќе го посветат на наградените учесници, истакна Валентин Соклевски, во пресрет на вечерашното свечено затворање на фестивалот.
- Според востановената традиција, секое издание на фестивалот го завршуваме во античкиот театар на Хераклеа. Така ќе биде и вечер, кога гостите од странство ќе приредат интернационална фолклорна разгледница, а веднаш потоа целовечерен концерт кој е насловен како „Мојата Бабам Битола“, ќе приреди Виолета Томовска во придружба на групата „Фонтана и пријателите“, потврди Соклевски.
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а од оваа година е член на светската организација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
