-->
-->
Ахмети: Опозицијата да се приклучи кон заокружувањето на процесот на интеграција
-->

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска, на средба со поранешниот премиер на Словенија Аленка Братушек, како и со словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец, изрази уверување дека апсолутното мнозинство граѓани ќе ја поддржат интеграцијата во НАТО и ЕУ. Воедно ја повика опозицијата да се приклучи кон заокружувањето на процесот на интеграција, бидејќи нашите граѓани, како што рече, го очекуваат тоа.
Како што соопшти ДУИ, Ахмети ја информирал Братушек за последните случувања во земјата во врска со реформите и евро-атлантската интеграција, додека соговорниците разменија мислења за ситуацијата во регионот.
Ахмети го потврдил ставот на апсолутната подготвеност на Демократската унија за интеграција да придонесе кон исполнување на чекорите за целосна интеграција на Македонија во НАТО и во Европската унија.
- Единствената алтернатива за Македонија е евроатланската интеграција, систематските реформи, добрите меѓуетнички односи, борбата против корупцијата и криминалот. Сето ова е предуслов за економски развој и социјална благосостојба, истакнал лидерот на ДУИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
