ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018

Шаховскиот клуб „Алкалоид“, повторно во борба за европски медал. „Алкалоид“ како Европски Клупски Шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција. Минатата година успехот беше надополнет со 5 медали за индивидуални резултати по табли (4 златни и еден сребрен). По двата последователни историски резултати, новиот предизвик за екипата е освојување на уште еден медал и со тоа да се запише во листата на 8 најуспешни екипи во современата историја на Европските Клупски шаховски натпреварувања.
Дотогаш, екипата на „Алкалоид“, ќе учествува на екипниот Шампионат на Македонија, од 11 до 17 Август во Струга. Шампионскиот состав и оваа година е непроменет и ќе се бори за 7-та последователна титула или вкупно ја “брка” својата 21 шампионска титула во 27-миот настап од 1992 година. Покрај најдобрите македонски шахисти, стандардни членови на клубот, ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Дејан Стојановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ВМ Влатко Богдановски, дел на екипата се и четворицата велемајстори од светскиот врв. Странските играчи, во изминатите години повеќе пати биле дел од составот на ШК „Алкалоид“ и на овој начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години.
Дмитриј Јаковенко - член на Руската шаховска репрезентација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2005, 2006, 2016). На ЕКК 2016, играше на четврта
табла при што освои 3,5 поени од 6 партии. На ЕКК 2017, играше на петтата табла и со 5,5 поени од 7 партии освои златен медал за индивидуален резултат.
Јуриј Криворучко – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација која освои сребрен медал на Олимпијадата 2016 година; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 7 години. Секогаш максимално мотивиран кога настапува за екипата на „Алкалоид“, во 2015 година освои бронзен медал за индивидуален резултат на Европскиот Клупски Куп, во 2016 година освои 5 поени од 7 партии, и повторно во 2017 година со 6 поени од 7 партии освои златен медал.
Дмитриј Андрејкин – Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година, три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010, 2016), три пати (2008, 2012, 2015) златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп. На ЕКК 2016, играше на втора/ дел од партиите и на прва табла при што освои значајни 4,5 поени од 7 партии, без пораз! Во 2017 година настапи на третата табла и со 5,5 поени (без пораз) од 7 партии освои златен медал.
Павел Елјанов – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација со која има освоено две олимписки злата и сребро во 2016; во 2015 година на Светскиот Куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010 и 2016). Со својата сигурна игра, како еден од најуспешните, на ЕКК 2016 освои бронзен медал за индивидуален резултат на трета/ делумно и втора табла (4,6 поени од 6 партии).
Како најсилен шаховски клуб во Македонија, ШК „Алкалоид“ останува и понатаму главен столб на Македонските репрезентации, а очигледно и странските играчи на ист начин се дел и на своите државни репрезентации. Функционирајќи веќе 42 години под континуирано спонзорство на компанијата „Алкалоид АД“ Скопје, клубот важи за еден од најуспешните во Европа.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
