ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некој проект, треба да си даде оставка веднаш

Македонија ја има најнеспособната влада, а за жал градот Скопје го доби најнеспособниот градски татко.
Денес во главниот град не е главна тема правење на булевари, паркови, водоводи и канализации, туку главен проблем стана рутинско прскање против комарци.
Петре Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некаков проект или реши некој позначаен проблем.
Шилегов ги остави граѓаните на милост и немилост на комарците кои можат да се пренесуваат најразлични болести кои се присутни и во Европа и регионот, од типот на Зика, Нилска треска, маларија, лајшманија.
Само во државите на ЕУ оваа година се пријавени 51 случај на заболени од Западно Нилска треска, додека во Србија се пријавени дури 70 случаи.
Шилегов и СДСМ најобичното прскање против комарци го претворија во епохална битка која не можат да ја победат, а сето тоа го трпат граѓаните. Животот и здравјето се загрозени. Амбулантите секојдневно се полни со
граѓаните кои се жалат на разни инфекции, алергии и убоди кои се резултат на наездата на комарци и неспособноста на Шилегов да се справи со нив.
Наместо граѓаните да бидат приоритет и да се решеше овој проблем уште пред неколку месеци, Шилегов ги остави комарците да умираат од старост. Најтрагикомично во целата ситуација е што градските служби се обидоа да ги
изманипулираат граѓаните дека вршат прскање против комарци со старо видео прикачено на интернет.
Кога веќе граѓаните не можат да се спасат од комарците, нека се спасат од Петре Шилегов. Шилегов нека ги спаси скопјани што побрзо и нека си даде оставка, бидејќи градоначалник на Скопје не е место кое може да се раководи со
неспособност, незнаење, неработење и незаинтересираност.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
