Димитров од Виена: Само европски Балкан е стабилен Балкан

Единственa одржлива визија за стабилен Балкан е единствена Европа. Сите работиме на реформите за демократија и владеење на правото со цел да ја споделиме идната Европа без граници. Време е за нас, за регионот и за земјите членки да го направиме исчекорот кон оваа визија, напиша македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на Твитер, по завршувањето на неформаланата средба на шефовите на дипломатии на ЕУ и земјите кандидати во Виена.
На неформалната средба, министерот меѓу другото порача и дека за регионот на Балканот често пати се мисли како за периферија на Европа, а тој е токму опколен со земји членки. Затоа, порача дека во регионот се решени речиси сите отворени прашања и дека последниот пример за тоа е решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
- Забрзувањето и ревитализацијата на процесот на проширување има своја смисла. За Европа е подобро и поевтино да инвестира, и од регинот, со наша помош, да направи европски регион, отколку да го игнорира, што на крајот ќе биде многу поскапо, порача Димитров.
Шефот на македонската дипломатија потенцира дека земјите од Западен Балкан се цврсто решени да успеат во процесот на евроинтеграции, затоа што, нагласи, „во чекање се загуби цела една генерација“.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
