Гол на Костадинов, асистенции на Барди и Ристовски
Нашите интернационалци имаа забележлива улога на меѓународната фудбалска сцена. Некои се запишаа во листата на стрелците а беа забележани и убави асистенции.
Младиот репрезентативец на Македонија Тихомир Костадинов остави печат на победата на својот Ружомберок против Сеница од 4-0.
Костадинов се запиша во листата на стрелците уште во првата минута и ја навести победата на својот тим. Ова е неговиот прв погодок во првенството на Словачка.
Тешка победа извојува Спортинг од 1-0 во дуелот со Фарензе. Голот беше постигнат во 87м по одличната акција на Нани и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој прекрасно асистираше кон Кабрал кој биеше неодбранливо за трета победа на Спортинг во првенството по 4. Одиграни кола.
Во градското дерби Леванте и Валенсија играа 2-2 во рамките на шпанското првенство.
Леванте најави победа по маестралната асистенција на Енис Барди во 33. Минута која знаеше да ја искористи Марти Салвадор за водство на Леванте од 2-1 но до крајот на средбата Парехо од пенал ја спаси Валенсија од пораз.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар