Во Кавадарци промовирана фотомонографијата „Ризница на ликовни дела“
Во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ во Музеј галеријата на град Кавадарци беше промовирана фотомонографијата „Ризница на ликовни дела“ од авторите Весна Ѓорѓиева и Трајче Цветков.
Присутните можеа да погледнат и ликовни дела од повеќе автори, кои се дел од архивата на кавадаречкиот музеј.
Директорката на Музеј галеријата Весна Ѓорѓиева информираше дека станува збор за уметнички дела од повеќе еминентни и етаблирани автори.
- Дела изработени во разни ликовни техники, од плејада на реномирани врвни ликовни креатори на современата македонска ликовна сцена, звучни и докажани автори како Петар Мазев, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ана Темкова и други, рече Ѓорѓиева.
Таа нагласи дека фотомонографијата е прва од ваков вид и во неа се сублимирани сите дела депонирани од формирањето на Музејот во 1976 година, до денес. Застапени се 77 автори со 154 дела.
Промоторот Зорица Вчкова, советник за образование во општина Кавадарци, меѓу другото нагласи дека ова дело го овековечува ликовното минато, од 1943 година до денес.
- Најголем дел од најистакнатите ликовни дејци потекнуваат од Кавадарци, додаде Вчкова.
Фотомонографијата и изложбата се дел од проект финансиран од Министерството за култура, а со поддршка од кавадаречкиот градоначалник и Советот на општина Кавадарци.
Пред присутните се обрати и Трајче Цветков, кој исто така изрази задоволство од реализацијата на проектот.
Ново на Сител
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
-
Кражба во црква во Штип