-->
-->
МВР: Злосторството во прилепско е расчистено, заврши времето на злоупотреби на институциите
-->
Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение категорично ги отфрла, како што наведува, сите невистини изречени на денешната прес - конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, околу завчерашното злосторство во прилепско, не само од аспект на злонамерните и неточни информации по однос на самиот настан, туку, се додава, и поради обидот со измислици и маниупулации да се внесе страв меѓу граѓаните.- Како и многу пати претходно, уште еднаш повторуваме дека времето на партиско-штабски критериуми, како и вулгарното злоупотребување на институцијата завршија. Сега МВР работи професионално, а резултат на професионалната работа се расчистените убистваа како ова во прилепско, така и она во Велгошти, Дебар и други случаи. Злосторниците сега одговараат за своите злодела, се наведува во соопштението.
Воедно, во демантот се додава дека, како што и е познато на јавноста, настанот во прилепско веднаш беше расчистен, сторителот, односно осомниченото лице беше откриено и приведено неколку часа по свирепото злосторство, и со кривична пријава предадено на надлежното ОЈО. На јавноста и беа презентирани сите релеватни, но и со закон дозволени информации, согласно Законот за кривична постапка и согласно надлежноста на Обвинителството по однос на кривично-правниот настан.
Од МВР со апел уште еднаш до сите политички субјекти, да престанат со ширењето лаги во интерес на стекнување на политички поени, стои во соопштението
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
