Од деца до немилосрдни војници: Како настанува руската армија
Десетина илјади млади Руси секоја година се приклучуваат во војската. За да ѝ служат на својата земја, оние кои ги посетуваат камповите мора да минат низ строги тестови и напорни тренинзи.
Руската војска брои повеќе од три милиони луѓе, вклучувајќи и активни и резервни војници. Тој број секоја година се зголемува благодарение на регрутацијата, во чии рамки се избираат момчиња на возраст од 18 до 27 години.
Задолжителниот воен рок во Русија трае 12 месеци, што е двојно помалку во однос на рокот кој постоел до 2006. година. Таа земја планира постепено да го укинува служењето и да премине на професионална војска.Обуката во камповите трае 12 седмици и важи за многу брутална. Русите се на мета на критики поради користење на строги стандарди и методи за Советскиот сојуз.Така, на пример, идните војници треба да претрчаат три километри за помалку од 12,4 минути, а маршот од 10 километри треба да го завршат за 56 минути.
Иако доколку не одговорат на повикот на војската се кривично гонети, многу Руси избегнуваат да одат во војска. Дури 40 проценти од војниците пораснале без еден или без двајца родители.
Бруталните тренинзи, според пишувањето на New York Times , резултирале со смрт на 16 регрути, а голем број на војници извршиле и самоубиство.
"Во текот на првата година од службата, момчињата живеат под константна закана од насилство доколку не ги исполнат обврските кои им се поставени", опишал Human Rights Watch.
Ново на Сител
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
