Македонија
30. September 2018 - 12:48

Во Делчево и Македонска Каменица до 11 часот гласале 2.264 гласачи

Во Делчево и Македонска Каменица од вкупно 21.387 избирачи до девет часот своето право на глас го оствариле 2.264 гласачи.

Според информациите на Владимир Петровски излезеноста на референдумот во Делчево до 11 часот изнесува 11,3 проценти.

- Досега на сите 36 гласачки места не се забележани никакви нерегуларности и било какви други проблеми со што можеме да заклучиме дека гласањето тече во најдобар ред. По пресекот направен во 11:00 часот од вкупно 14.721 гласач своето право на глас го оствариле вкупно 1.653 гласачи или во проценти 11,3 проценти, рече Петровски.

На гласањето во Македонска Каменица според информацијата на Сања Митревска, претседател на општинската изборна комисија до 11 часот гласале 611 гласачи.

- Во Македонска Каменица на 17 избирачки места од вкупно 6.666 до 11 часот своето право на глас го оствариле 611 гласачи. Гласањето се oдвива во мирна и демократска атмосфера, информираше Митревска.