Претпладне дожд, попладне сончеви периоди
Изутринава и претпладнево времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 11, а максималната од 14 до 21 степени.
Во Скопско ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.
Утре од крајот на денот и преку ноќта преку земјата ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер. В четврток сè уште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура позначително ќе опадне. Од петок дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД
-
Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ