На „Саемот за вработување“ во Гостивар 44 компании понудија работни места

Четириесет и четири компании од гостиварскиот и тетовскиот регион им понудија вработувања на невработени или активни баратели на работа денеска за време на караванот „Саем за вработување 2015“ во Гостивар.
Караванот го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија.
- Очекувам позитивен одговор и на заинтерсираните лица од гостиварско кои бараат работа. За неколку месеци ќе направиме ревизија за да имаме увид кои се тие квалификации кои на компаниите им се потребни и на кои професии младите треба да го насочат нивното образование. Па така овој ден не е само да се најде работа, туку и да се одбере образование кое ќе им обезбеди работа по завршувањето на школувањето. И компаниите ќе кажат кои се нивните потреби, изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на РМ.
Поповски напомена дека со саемите во последниве три месеци се овозможени над 180 вработувања, а ако се земат во предвид и отворените повици на две компании во Прилеп, тогаш таа бројка надминува 240.
Дирекоторот денеска ја објави и мерката за напредни ИТ вештини за 50 лица со технички струки и огласот кој ќе трае во наредниве десет дена. Лицата кои ќе освојат доволно бодови по обуката за програмата КАД (CAD) ќе добијат и сертификат кој е меѓународно признат.
Во тек се и активностите за подготовка на проектите за активните мерки за кои, како што кажа Поповски, идната година се планирани 11 милиони евра.
Штандовите на компаниите кои нудат работа беа посетени од граѓани кои бараа работа и вработени кои сакаат да го променат работното место и да ја збогатат својата кариера.
На отворањето на саемот во Гостивар присуствуваше и гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта.
Ново на Сител
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
