-->
-->
Инцидент на границата БиХ – Хрватска, тројца повредени
-->
На граничниот премин Маљевац синоќа дојде до уште еден инцидент со мигрантите, во кој се повредени најмалку три лица, од кои едно е припадник на Граничната полиција на Босна и Херцеговина.Мигрантите почнале да се туркаат меѓу себе, но и со граничната полиција откако ги преместија шаторите кои претходно ги поставија на територијата меѓу БиХ и Хрватска.
Шаторите насилно се преместени на стотина метри од мостот на кој хрватската полиција постави кордон, поради тоа што некои мигранти со предмети фрлаа кон хрватските полицајци.
Претходно беше најавено дека граничните полицајци се обидоа да воспостават нормален сообраќај на преминот Маљевац, со надеж дека ќе се договорат со мигрантите.
Ова не е е прв инцидент, бидејќи во текот на вчерашниот ден тројца мигранти се здобија со полесни телесни повреди во судир со полицијата на преминот Маљевац, во Велика Кладужа, а меѓу нив имаше и едно дете.
Еден полицаец од БиХ исто така е полесно повреден.
Хрватската полиција од другата страна на границата ја набљудува состојбата по воздушен пат, а покрај мостот е поставен и воден топ во случај мигрантите да одлучат да тргнат.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
