„Катимерини“: Тензично по убиството на Кацифас во Албанија

Убиството на 35-годишниот Грк Константинос Кацифас, кој во понеделникот беше убиен во Албанија, под се уште неразјаснети околности, фрли сенка на односите меѓу Тирана и Атина, оценува грчкиот весник „Катимерини”.
По овој инцидент во селото Буларат, во близина на границата со Грција, официјалната Атина на албанскиот амбасадор во Грција му упати протесна нота, пишува весникот.
Грчките медиуми ја обвинија албанската полиција за „ладнокрвно убиство”, а непознати маскирани лица утрово фрлаа молотови коктели кон канцеларијата на една албанска туристичка организација во Атина.
Сепак, Тирана ги отфрла обвиненијата, наведувајќи дека Кацифас без причина пукал кон полициските службеници.
Инцидентот се случи, додека албанското село Буларат, каде претежно живеат Грци, ја одбележуваше годишнината од влезот на Грција во Втората светска војна на 28 октомври 1940 година.
Албанските медиуми објавија дека Кацифас пукал од „калашников” кон албански полицајци кои го симнувале грчкото знамето, додека претставниците на грчките организации во Албанија сметаат дека „полицијата можела да го уапси, а не да го убие”.
Албанските медиуми објавија дека Кацифас бил член на десничарската партија „Златна зора”.
Тој е роден и израснат во Буларат, село кое се наоѓа во Албанија на шест километри од границата со Грција, а неодамна извесен период живееше и во Атина.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
