Свет
4. November 2018 - 12:02

Крај на драмата на небо: Слета авионот со 173 патници што кружеше над Краснојарск со напукната шофершајбна

По повеќе од два часа кружење околу Краснојарск, „Боингот 737“ со 173 патници и членови на екипажот слета принудно во тој сибирски град затоа што му пукнало предното главно стакло во кокпитот.

Станува збор за авион на „НордСтар“ кој од Новосибирск летал за Санја, град на југот на Кина.

За среќа, капетанот видел дека еден индикатор на таблата свети црвено, па се утврдило дека напукнала шофершајбната, и побрача итно слетување во Краснојарск.

Авионот повеќе од два часа кружел над градот за да го испушти керозинот пред да слета, а на пистата го чекале противпожарни возила и Итна помош.