Македонија
7. November 2018 - 11:02

Хорор: Две жени прегазени кај Клинички центар, се здобиле со тешки повреди

Вчера во 14.00 часот во Скопје на крстосницата од улица „Белградска“, улица „Тодор Александров“ и булевар „Мајка Тереза“, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Скопје, удрило во пешаците

Р.К.(48) од село Стајковци, скопско и М.Б.(54) од Скопје.

Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди, додека М.Б. се здобила со телесни повреди.

Двете биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.