Албанската полиција уапси Италијанец и Србинка барани со меѓународна потерница
Албанската полиција, во два одделни случаja, уапси двајца странски државјани барани со меѓународна потерница, јави дописничката на МИА од Тирана.
На меѓународниот аеродром во Тирана уапсен е италијанскиот државјанин Александро Џорџи (41) баран со меѓународна потерница распишана од Интерпол-Франција.
Италијанецот се бара за кривично дело „измама“ а бил запрен на аеродромот по слетувањето на авионот кој летал на релација Рим-Тирана.
Во меѓувреме, при излез од Албанија, државјанка на Србија е уапсена на преминот Муриќан на албанско-црногорската граница, врз основа на меѓународна потерница изадена од Интепрол-Србија.
Станува збор за Оливера Павловиќ (42) од Врање, која од локалниот суд се бара за кривично дело „трговија со луѓе“.
За двете лица се преземаат потребните мерки за екстрадиција во земјите од каде се бараат.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети