Вашингтон пост: За Џулијан Асанж има тајно обвинение во САД

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е обвинет по тајно обвинение, објави денеска „Вашингтон пост“.
Обвинителите ненамерно ги објавија обвинувањата развој што значително би можел да ја раздвижи истрага за мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година и да има последици по оние кои објавиле владини тајни.
Тоа било откриено при обвинение кое не било поврзано со случајот на Асанж. Помошникот-обвинител Келан Двајер, побараа од судијата да ги чува материјалите во тајност, велејќи дека „поради комплексноста на обвинетиот и публицитетот околу случајот, ниту една друга постапка не може да го зачува доверливиот карактер на обвинението. Подоцна тој напишал дека досието на Асанж треба да остане запечатено додека тој не биде уапсен.
Од јуни 2012 година, Асанж е засолнет во амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во 2015 година Шведска соопшти дека се откажува од истрагата за сексуално злоставување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, поради застареност. Сепак британските власти продолжија да го гонат бидејќи нелегално пребегна во Амбасадата на Еквадор, каде тој остана, стравувајќи дека е можно да биде екстрадиран во САД поради објавувањето тајни информации на Викиликс. На таа страница, исто така, беа објавени хакирани електронски пораки од претседателскиот кандидат на Демократите Хилари Клинтон, кои придонесоа за нејзин неуспех во изборната трка.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
