Балкан
22. November 2018 - 13:57

Насилни протести пред албанскиот Парламент

Протестите пред албанскиот Парламент на жителите од населбата „Астир“ во Тирана, чии домови треба да бидат урнати заради изградбата на нова обиколница, ескалираа кога учесниците на протестот се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, каде се дебатира за ова прашање.

Со употреба на тврди предмети и протехнички средства повредени се 12 полицски службеници.

Демонстантите со фрлање тврди предмети и пиротехника повредија 12 полицајци кои се префрлени во болница. Еден од нив е потешко повреден. Апелираме до учесниците во протестот и политичките партии кои учествуваат во истиот да се дистанцираат од насилство и да ја остават полицијата да ја врши својата задача, се наведува во соопштението на полицијата.

Повредените полицајци, кои се хопстализирани во Воената болница во Тирана, ги посети министерот Сандер Леши.

На жителите од споменатата населба, кои повеќе денови мирно протестираат денеска им се прдружија и пратеници и членови на опозициските партии.

Во населбата има над 330 објекти, добар дел од нив, според надлежните, двоградби. За оние кои се легализирани Владата вети обештетување, додека за сопстевниците на нелегализирани објекти подмирување на станарина за изнајмен стан во период од три години, но тие не се согласуваат.