-->
-->
ЛШ: Атлетико го завери билетот за осминафиналето, Локомотив со прва победа
-->

Атлетико Мадрид е деветтата екипа која се квалификува за елиминациите на Лигата на шампионите. Тимот на Диего Симеоне без тешкотии се справи со претпоследниот во француската Лига 1, Монако со 2: 0 на својот „Ванда Митрополитано“ во средба од петтото коло во групата „А“.
Домаќините собраа 12 поени по пет одиграни средби и така ќе бидат на чело барем два часа, пред одигрувањето на средбата на главниот конкурент за врвот, Борусија Дортмунд против Бриж. При успех на Германците, битката за првото место ќе се одлучи во последниот натпревар од групите, кога Атлетико гостува на Бриж, а Борусија – на Монако.
Атлетико ги реши работите уште до 24-тата минута, кога веќе водеше со 2:0. Уште во 2 минута младиот дефанзивец на Монако, Беноа Бадиашиле си постигна автогол, по шут на Коке. Така со своите 17 години 265 дена Бадиашиле стана најмладиот фудбалер со автогол во Лигата на Шампионите. Тој го подобри претходното достигнување на Миле Свилар (18 години и 65 дена), поставено во 2017-та.
Малку потоа Гризман (24) го постигна 4-тиот гол оваа сезона во турнирот по пас на Кореа. Тоа беше и 11-ти гол за Гризман во 11 натпревари дома за Атлетико во Лигата на Шампионите.
Рускиот првак Локомотив Москва пак победи со 2:0 против Галатасарај во натпревар од групата „Д“.
Успехот на Локо практично ги пласираше Порто и Шалке 04 во осминафиналето. „Железничарите“ сепак запишаа први поени, откако пред тоа стана првиот тим извлечени од првиот шешир со нула поени во рамките на четири дуели.
Гжегож Криховјак (43) и Владислав Игнатиев (54) ги постигнаа головите за тимот од Москва и донесоа победа за рускиот шампион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
