Унгарците со камион против критиките за антимиграциската политика

Унгарската Влада почна да користи мобилен билборд за да се одбрани од критиките за антимиграциската политика на премиерот Виктор Орбан.
Лидерот на групата Либерали во Европскиот парламент Ги Верхофштат месецов во Брисел користеше билборд на камион за да го прикаже Орбан како некој што сака да ја уништи Европската унија откако доби многу средства од ЕУ.
Владата на Орбан соопшти дека камионот билборд со кој се исмева ставот на Верхофштат ќе ја помине цела Унгарија и потоа ќе замине за Брисел.
– Стотици луѓе загинаа во терористички напади од 2015 година, но Ги Верхофштат вели (на 4 јули 2018 година) дека нема мигрантска криза. Тоа е лудост, пишува на билборд-камионот, паркиран пред седиштето на унгарската Влада.
Орбан на парламентарните избори во април освои трет последователен мандат, изразувајќи силно противење на мигрантите, од кои повеќето се муслимани, и тврдејќи дека ја брани Европа и христијанската култура.
Ново на Сител
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
-

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада
