Заврши читањето СМС пораки во „Титаник“, во тек изведување материјални докази

Со читање СМС пораки меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Н.Н. лице од 31 мај 2011 година во Кривичниот суд почна денешната главна расправа за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во пораките од 2011 и 2013 година Јанакиески дава насоки за гласачите и за списоци, како и забелешки дека некој открил оти има фалсификувани лични карти на лица од Пустец.
Во пораките со друго Н.Н. лице му кажува дека има список на лица кои гласале за СДСМ во општина Центар, бара да се спречат и да не излезат на гласање лица што ги вработиле, а ќе гласаат за Андреј Жерновски. Бара да се стимулираат нивните гласачи да излезат на гласање.
-Ајдован да и се закани на Марионка и да ја стегне, пишува во една од пораките.
Во друга порака пишува „давам пари на лица да частат по кафани, плус давам по 1.000 денари за глас. Што да правам.“
-Прави списоци на луѓе што ќе ги донесеш на гласање вели во друга порака. Малку е тоа каде се фамилиите. Дали да обезбедиме превоз за студенти од Скопје за општините Штип, Карбинци, Струга…., стои во друга порака.
Пред почетокот на судењето бранителот Димитар Дангов го откажа полномошното од обвинетиот Никола Груевски, кому му се суди во отсуство.
Откако заврши читањето на СМС пораките се пристапи кон изведување материјални докази.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
