-->
-->
Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица
-->
– Одрони го попречуваат движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележителни на потегот од село Илиово до село Луковица каде дел од нив ги пробиле заштитните мрежи и го отежнуваат движењето на сообраќајот во тој дел од патниот правец А3 кој води од Делчево до Македонска Каменица.Како што информираат од Јавното претпријатие Македонија пат екипи се веќе на терен и го расчистуваат теренот.
– На местото каде се забележливи наголем дел од одроните е поставена соодветно известување, но сепак, апелираме на претпазливост и внимателно возење од страна на возачите. Нашите екипи се на терен и работат на расчистување на одроните, велат од ЈП „Македонија пат“.
Освен одроните на одреден дел од патниот правец Делчево – Македонска Каменица се вршат и ситни градежни работи од страна на градежното претпријатие Гранит. Од претпријатието имаат поставено соодветна сообраќајна сигнализација која ги известува возачите да ја приспособат брзината на движење на овој патен правец.вс/лв/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
