Внимавајте: Оваа новогодишна играча е штетна за децата
Француските здравствени власти испратија предупредување пред божиќните празници од ризиците по детското здравје што ги носи играњето со еластичната смеса слајм, која е многу популарна кај децата и младите.
Како што јави дописникот на МИА, според здравствените власти, смесата може да предизвика сериозна иритација на кожата и алергии.
Во заедничката изјава, Генералниот директорат за здравство, Министерството за конкуренцијата и Агенцијата за здравствена безбедност на Франција повикаа на „будност“ по контролата на 44 производи од кои биле земени мостри во 2018 година, при што кај 14 од нив е утврдено присуство на хемискиот елемент бор над дозволената граница и тие биле повлечени од пазарот.
Борната киселина, составена од бор, водород и кислород, е супстанција која може да има штетни последици по здреавјето, пред се да влијае на плодноста и развојот на ембриони.
Во извештајот објавен се вели дека бројот на пријавени случаи на лица кои се жалеле на воспаление на кожата и ноктите, изгореници, црвенило, егзема и чешање како резултат на контакти со смесата, двојно е зголемен во текот на првите пет месеци на 2018 година во споредба со истиот период лани.
Смесата се продава веќе подготвена или пак во кутии во кои има состојки за подготвка. Властите предупредуваат дека повторното и продолжено мешање на слајмот „не е без здравствени ризици”.
Првото предупредување на ризиците од слајмот беше објавено во мај, а во септември француската Организација на потрошувачи ги советуваше родителите да не ги купуваат овие смеси, откако кај 13 производи беше утврдено присуство на штетни супстанци, како жива, арсен или бор, кои и даваат еластичност на смесата.
Оваа смеса беше многу популарна во 1984 година по филмот „Истерувачи на духови“, од каде и го доби името според еден од духовите Слајмер. Таа повторно стана популарна кај младите, пред се во САД во 2016 година, откако на Јутјуб се појавија видеа на кои млади си играат со слајм.
Ново на Сител
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
