Свет
9. November 2015 - 9:07

„Велт“: Берлин се подготвува доколку на Балканот ги затворат границите

Германската Влада во врска со растечкиот број на бегалците се подготвува и за сценариото балканските земји да ги затворат своите граници, објави „Велт“.

Овој весник како извор на информациите навел еден доверлив документ на Заедничкиот аналитички и стратешки центар за илегални миграции (Гасим), пренесува Танјуг.

Гасим се наоѓа во Постдам и во неговата работа учествува и Сојузната разузнавачка служба, Службата за заштита на Уставот, Сојузната полиција, Сојузното Министерство за надворешни работи, Сојузната служба за бегалци и миграции и други.

Доколку Европската унија не интервенира би можело „една слепа улица на балканската рута да предизвика паника и хаос кај мигрантите и институциите“, пренесува „Велт“. 

Весникот нагласува дека безбедносните служби ги предупредуваат бегалците што е можно побрзо да преминуваат преку Балканот кон Централна Европа.