Пет причини поради кои постојано сте уморни

Многу нешта влијаат врз квалитетот на животот, но еден од најважните фактори е спиењето. Доколку преку ноќ често се будите, спиете лошо, веројатно во текот на денот ќе се чувствувате изморени и тоа многу ќе влијае на вашата „функционалност“.
Доколку, пак, трае подолго време, тоа се претвора во хроничен проблем во спиењето. Оливија Арезоло, експерт за сонот, ги открива најчестите грешки кои ги прават луѓето, и кои имаат негативно влијание врз квалитетот на сонот.
Вклучени светла до доцните ноќни часови
Иако многумина ги обвинуваат мобилните телефони за проблемите со спиењето, и собната светлина може да биде подеднакво штетна. – Истражувањата покажуваат дека светилките во собата можат да го намалат лачењето на мелатонин (хормонот на будноста и спиењето) и може да доведе до кратко и недоволно спиење, истакнува докторката.
Таа препорачува, 90 минути пред да си легнете, да ги затемните светлата во собата, така што вашето тело ќе добие сигнал дека е време да се опушти.
Топол туш пред спиење
– Иако топлиот туш ги опушта мускулите, тоа исто така ја зголемува и температурата на телото што го прави потешко заспивањето и го спречува обновувањето енергија за вашето тело за следниот ден, предупредува таа.
Доколку сепак, сакате да се опуштите со топол туш, правете го тоа најмалку еден час пред да одите в кревет, или пак наутро.
Работење до доцна во ноќта
– При продолжена работа мозокот се одржува во активна состојба, и притоа вам ќе ви треба повеќе време за да се наспиете. Ова може да влијае на квалитетот и должината на спиењето, но и му штети на вашиот мозок кој можеби нема да има можност да се одмори до следното утро, додава таа.
Претерувате со алкохол
Сите истражувања за нарушувања на спиењето, посочуваат дека прекумерното консумирање алкохол влијае негативно на сонот.
– Тоа воопшто не е за изненадување, бидејќи главната состојка во алкохолот е шеќерот кој го стимулира телото и влијае врз нас слично како кофеинот, објаснува експертот советувајќи да не се пие алкохол најмалку три часа пред легнување.
Ново на Сител
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
