-->
-->
АБА лига: Дреновац во ТОП 5 на колото
-->

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓе Дреновац, со собрани 22 индексни поени обезбеди место во најдобрата петорка на 9.коло од регионалната АБА лига.
Дреновац на дуелот со Црвена Звезда вчеравечер во поразот на МЗТ Скопје учествуваше со 19 поени и пет скокови за 32 минути поминати на паркетот, доволни за играчот на македонскиот шампион по вторпат оваа сезона да се најде во ТОП 5 на колото.
МВП е Анте Жиќиќ од Цибона.
ТОП 5 на 9.коло во АБА лигата:
1.Анте Жижиќ (Цибона) 30 индексни поени,
2.Анте Делаш (Задар) 27,
3.Стефан Јовиќ (Црвена звезда) 26,
4.Брајан Џејмс Флоренс (Цибона) 23,
5.Ѓорѓе Дреновац (МЗТ Скопје Аеродром) 22.
Тој со своите 19 поени е и петти стрелец во колото, додека Марко Љубичиќ со 5 асистенции е на делба на 4.место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предметот Македонски јазик и култура ќе се изучува во уште едно училиште во Хрватска
-

„Берлинале“ 2026: Мишел Јео ја доби „Златната мечка“ за животно дело
-

Како да пријавите во Агенцијата за Храна и Ветеринарство
-

Мицкоски: Продлабочување на стратешко партнерство со САД, силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија
-

Во Нови Сад претставена Стратегијата на Македонскиот национален совет во Србија за периодот 2026-2031 година
-

Зеленски ги повика европските партнери да ја забрзаат помошта за воздушна одбрана
-

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија
-

Трамп вели дека непостигнувањето договор ќе биде „многу трауматично“ за Иран
