Ова ја потресе Србија: Во замрзнувач во болница пронајдени 13 бебиња

Во Општата болница во Краљево во замрзнувач се пронајдени 13 мртви бебиња, а директорот на оваа болница „Студеница“ во Краљево, д-р Зоран Мрвиќ денеска на новинарите им рече дека тоа не се украдени бебиња, туку се работи за бебиња починати на породување, над кои е направена обдукција и кои се впишани во општинските книги, а нивните родители не сакале да ги преземат.
– Се работи за телата на бебиња кои последните три години починале на породување во болнциата. Според одлуката на Службата за патологија, нивните тела ги држиме во замрзнувачки. Одлуката за погребување на Собранието на Град Краљево е донесена пред три, четири месеци и сега има постапка за формирање комисија, која ќе го изврши тоа погребувањ, вели д-р Мрвиќ.
Според неговите зборови, болницата до сега немала можност тоа да го направи, зошто три години не им работи крематориумот.
-Тој е монтиран и чекаме согласност од Министерството за заштита на животната средина за палење.
Бебиеата ќе бидат погребани според законто кога ќе ја формираме таа комсиија, истакнува д-р Мрвиќ и напоменува дека „тоа не се исчезнати бебиња, туку природно починале“.
Д-р Мрвиќ вели дека во овој случај конкретно се работи за мртвородени бебиеа од 2016 година до денес.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
